Овој вид на турнири се нарекува " Класичен турнир "
Со секоја платена влезница добивате одреден број на чипови без да можете да ги дополнувате. Во on line турнирите стартните чипови се од 1000 до 1500 и доколку ги изгубите го завршувате турнирот. Во наградниот фонд влегува уплатата на сите играчи од кои 10 % задржува организаторот на турнирот. Бројот на игачи кои ке го поделат фондот зависи од организаторот и вкупниот број на пријавени.
Стратегијата во играта на FREEZOUT турнирите се разликува од оние кои можете да соберете чипови и играчите се прилично воздржани во самиот почеток вложуваат само ако имаат јаки стартни карти и не се изложуваат на голем ризик. Во оваа игра ќе имате прилика да добро да ги запознаете противниците и да ја прилагодите игра на ситуацијата. Важно е да знаете колку места добиваат дел од наградата и ако се најдете во крајот покушајте да го извлечете максимумот кога ке ви се укаже прилика. Постои одреден притисок кај сите и затоа само една лоша проценка може да ве доведе до елиминација од понатамошно учество.